Субвенциите за земјоделците од ланската производствена сезона се уште целосно не се иплатени, обвинуваат од Сојузот на синдикати на земјоделски производители од Струмица. Според нив дури 50 насто од земјоделците во земјава немаат добиено државната помош на име субвенции иако последниот законски рок за исплата беше 30 јуни.
„Одамна истече рокот за исплата на субвенциите за 2015 година, но земјоделците се уште ги немат добиено“, вели Ристо Велков од Сојузот на синдикати на земјоделски производители. Тој објаснува дека станува збор за субвенциите од 2,5 денари за секој предаден килограм зеленчук во преработувачките капацитети.
„Кај нас реагираат и земјоделци кои ги немаат добиено парите од програмата за директна подршка по единица хектар засадена површина, а субвенции од 60 денари за предаден килограм тутун немаат ниту добиено и добар дел од тутунарите“, вели Велков.
Министерот за земјоделство Михаил Цветков при последната посета во Струмица тврдеше дека речиси сите субвенции за минатата година се исплатени.
„Не се обработени еден до два отсто од налозите за исплата бидејки фирмите на ја доставиле валидната документација. Инспекторите се пратени на терен и доколку се е во ред и тие налози ќе бидат пратени од Министерството за финансии за исплата“, рече Цветков.
Од Сојузот на синдикати на земјоделски производители од Струмица бараат од Владата да конкретизира од која програма се скратени субвенциите за ова година, бидејки со ребалансот на Буџетот биле скратени 15 милиони евра
„За годинава беа најавени 150 милиони евра субвенции – 100 милиони за програмата за директна помош и 50 милиони за програмата за рурален развој. Немаме одговор од која програма се скратени парите ниту пак надлежните не укажуваат за што не треба да се аплицира за државна подршка“, вели Ристо Велков од Сојузот на синдикати на земјоделски производители.