СУДЕЊАТА ПРОДОЛЖУВААТ СО ПРЕТПАЗЛИВОСТ ОД КОРОНАВИРУС И СО РЕДУЦИРАНА ЈАВНОСТ, ПРЕКУ ВИДЕОПРЕНОС ОД БИТНИТЕ РОЧИШТА

    СУДЕЊАТА ПРОДОЛЖУВААТ СО ПРЕТПАЗЛИВОСТ ОД КОРОНАВИРУС И СО РЕДУЦИРАНА ЈАВНОСТ, ПРЕКУ ВИДЕОПРЕНОС ОД БИТНИТЕ РОЧИШТАМинистерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост, сите судења за кои постојат законски услови треба да продолжат; - Од денешното рочиште за случајот „Рекет“. (Фото: К. Попов)

    Министерството за правда не ги затвора судовите поради коронавирусот, но препорачува алтернативни начини на присуство на јавноста на судењата од висок јавен интерес, како видеопренос од рочиштата и слично.

    „Следејќи ги препораките на Министерството за здравство, а со цел зголемена заштита на странките во постапките, Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост. Сите судења за кои постојат законски услови треба да продолжат. Се препорачува оние судења за кои има масовен јавен интерес да продолжат со редуциран број на физичко присуство на јавноста, за кои треба да се овозможи алтернативен начин за следење на судењето покрај физичкото присуство“, соопшти Министерството.

    Се препорачува искористување на просториите во кои има физичко одделување на учесниците во постапката и јавноста, како и користење на други можности за информирање, како видеопренос и слично, препорачува Министерството.

    Од денеска во најголемиот суд, Основниот суд Скопје 1, судската полиција носи заштитни ракавици. Судењата си течеа нормално, освен за случајот „ТНТ“ кој се одложи по барање на обвинета, која пријави дека сопругот бил наводно во контакт со лице кое било во контакт со директорката на Кожна клиника која е во болница со коронавирус.

    Во Макеоднија има деветмина болни со коронавирус, шестмина се во стабилна состојба, а кај тројца има лесно влошување, но не се на респираторни апарати.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира