Судењето на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски од партијата Левица, кои се товарат дека учествувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, на протестот од 13 април, е по вторпат одложено, бидејќи адвокатите на обвинетите не го добиле вештачењето за висината на штетата, кое е одамна изготвено. Другата причина за одложувањето е тоа што предметот физички не се наоѓа кај судијата кој е во Алепацискиот суд, кој одлучува по жалбата на Обвинителството на решението на судијата да не определи ефективен притвор, туку мерка куќен притвор.
Во меѓувреме, Савевски и Куновски стануваат во домашен притвор. Апелација ја одби жалбата на Обвинителството кое бараше тие да бидат притворени во Шутка додека трае судскиот процес. Судењето на Савески и Куновски е презакажано за 31 мај. На 25 мај истекува 30-дневниот притвор.
Судијката Весна Петровска – Тагасовска, која го води овој и предметот против обвинетите демонстранти Никола Аризанов и Филип Наковски во кој Државното правобранителство достави вештачење за вкупната штета која е проценета за 522 илјади денари, се обврза да ѝ го достави вештиот наод и мислење на одбраната.
Вчера на студентот, Борјан Ефтимов, кој се товари за истото дело – учество во толпа која ќе стори кривично дело, судот му одреди условна казна од 3 месеци доколку во рок од една година не стори ново кривично дело.