СУДЕЊЕТО ЗА ЛАСКАРЦИ СЕГА ГО БЛОКИРА ВЕШТАК СЛИКАН НА ПАРТИСКА ГОВОРНИЦА НА ДУИ, НЕ ДОАЃА ДА СВЕДОЧИ ПОРАДИ ПОКАЧЕН КРВЕН ПРИТИСОК

    СУДЕЊЕТО ЗА ЛАСКАРЦИ СЕГА ГО БЛОКИРА ВЕШТАК СЛИКАН НА ПАРТИСКА ГОВОРНИЦА НА ДУИ, НЕ ДОАЃА ДА СВЕДОЧИ ПОРАДИ ПОКАЧЕН КРВЕН ПРИТИСОКЗа несреќата кај Ласкарци, што се случи на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари 2019 година, во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, обвинети се Дурмиш Белули, газда на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски. (Фото: СДК.МК)

    Вештакот Зекирија Зекири кој требаше да го презентира супервештачењето за несреќата кај Ласкарци денеска по третпат не дојде да сведочи, но судењето не се одложи поради него.

    Судијката Дијана Груевска од Основниот кривичен суд кажа дека и таа си ја удрила и повредила главата, но дошла на судењето, за да не трпи ново одлагање.

    Отсутниот Зекири испратил до судот медицинска документација за крвен притисок 160 со 110.

    „Јас лично го видов вчера пред ‘Мавровка'”, довикна роднина на еден од настраданите.

    Обвинителот Дарко Јакимовски, кој ја побара целата медицинска документација од Зекири, истражил и добил информација дека вештакот Зекири одел на работа.

    Дополнително, по претходното рочиште, во јавноста се појавија фотографии од вештакот Зекири на говорница на партиски настан на ДУИ.

    Груевска побара обвинителот да ги испрашува другите вештаци кои се потпишани на супервештачењето, прва одговараше Јованка Савова, единствен вештак од Бирото за судски вештачења која е потпишана на супервештачењето.

    Пред да се даде пауза, обвинителот најде бројни грешки во супервештачењето, во кое патем пишува дека е побарано од Граѓанскиот, место од Кривичниот суд.

    Има и грешка во датумот кога било нарачано. Пишува дека во март 2021, но тоа е осум месеци пред судот да поднесе барање за супервештачење во октомври.

    За несреќата кај Ласкарци, што се случи на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари 2019 година, во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, обвинети се Дурмиш Белули, газда на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски. Тие се обвинети за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

    „Дурмо турс“ важи за фирма блиска до владејачката ДУИ и сите досегашни блокади и одолговлекувања на овој судски процес за кој имаше рекордно брза завршена истрага, се со цел целата вина да се префрли само на возачот. Да се анулира техничката неисправност на автобусот кој ненадејно се преврте и да одговара само возачот.

    Обвинети за соучество се и тројца вработени во станицата за технички преглед: Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира