СУДИЈАТА ЈОСИФОВ ГИ КАЗНИ АДВОКАТИТЕ НА ГРУЕВСКИ И ЈАНАКИЕСКИ СО ПО 1.000 ЕВРА НА СУДЕЊЕТО ЗА НАСИЛСТВО ВО ЦЕНТАР

    СУДИЈАТА ЈОСИФОВ ГИ КАЗНИ АДВОКАТИТЕ НА ГРУЕВСКИ И ЈАНАКИЕСКИ СО ПО 1.000 ЕВРА НА СУДЕЊЕТО ЗА НАСИЛСТВО ВО ЦЕНТАРНикола Груевски утринава пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: К. Попов)

    За недоаѓање на процесот Насилства и шамари во Центар, судијата Душан Јосифов од Основниот суд Скопје 1 ги казни адвокатите на обвинетиот Никола Груевски, Димитар Дангов и Боро Тасевски, со по 1.000 евра. Иста казна доби и адвокатот на обвинетиот Миле Јанакиески, Стерјо Зиков.

    Обвинетите ги правдаа адвокатите дека им биле на судењето за организираниот напад на Собранието на 27 април лани. Јосифов ги потсети дека ова судење е уредно закажано со денови наназад и оти требало, а не нашле замена. Судот тоа не може да го толерира, рече судијата Душан Јосифов.

    Обвинителката Фатиме Фетаи ги замоли обвинетите да биде сослушан само еден сведок во отсуство на нивните бранители бидејќи ќе патува во странство и 6 месеци ќе ја нема, но тие одбија.

    „Не може мене да ми биде адвокат кој се нашол овде. Јас си имам адвокат што го следи овој процес“, рече обвинетиот Никола Груевски.

    Ни обвинетиот Миле Јанакиески не се согласи да се одржи денешната расправа без неговиот адвокат.

    Судењето, кое трае две години, а е првото обвинение на СЈО, е презакажано за 16 ноември.

    Кога Јанакиески побара друг датум зашто тогаш имал друг судски процес, Фетаи му кажа дека сега таа нема да има разбирање, бидејќи тие немаа за сведокот.

    Судијата остана на закажаниот термин.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира