СУДИЈАТА НА Д-Р ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА УШТЕ Е БОЛЕН

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    СУДИЈАТА НА Д-Р ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА УШТЕ Е БОЛЕН

    Судијата на претходна постапка што го водеше предметот за случајот „Тврдина“ е сè уште на боледување, потврдiиле за агенцијата „Мета“ од Кривичниот суд во Скопје. Него пред точно 20 дена му се слоши за време на сослушувањето на осомничените во случајот, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

    Кога судијата ќе се врати на работа, од судот не можат да потврдат.

    Во меѓувреме, осомничената Јанкулоска, како и повеќемина нејзини сопартијци и функционери за кои се водеа кривични постапки, беше аболирана од претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

    Во понеделникот ексминистерката свечено беше промивирана во доктор на науки на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола.

    Група млади битолчани со герила-акција ѝ го честитаа докторатот на Јанкулоска со транспарент „Честито аболиција“ за време на свеченоста во ректоратот на битолскиот универзитет.

    Јанкулоска е третоосомничена во случајот „Тврдина“ што Специјалното јавно обвинителство го отвори против пет лица, осомничени дека минатата година ги уништиле системите во МВР од нелегалното следење на комуникациите, вредни 10 милиони евра.

    Првоосомничен во случајот е началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски, кој, исто како Јанкулоска и другите осомничени, е аболиран од Иванов.

    Од судот велат дека во согласност со одлуката на претседателот Иванов, понатамошната кривична постапка за случајот „Тврдина“ треба да биде запрена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира