СУДИЈКАТА ДОБРИЛА КАЦАРСКА ЕДНОГЛАСЕН ПРЕДЛОГ НА СУДСКИОТ СОВЕТ ЗА УСТАВЕН СУДИЈА НА МЕСТОТО НА ВЛАДИМИР СТОЈАНОВСКИ

    СУДИЈКАТА ДОБРИЛА КАЦАРСКА ЕДНОГЛАСЕН ПРЕДЛОГ НА СУДСКИОТ СОВЕТ ЗА УСТАВЕН СУДИЈА НА МЕСТОТО НА ВЛАДИМИР СТОЈАНОВСКИДобрила Кацарска е судија 30 години. Покрај од кривичната, судела и предмети од граѓанската област. (Фото: СДК.МК)

    Едногласно во присуство на 12 членови на Судскиот совет, на денешната седница беше прифатен предлогот судијката за организиран криминал и корупција Добрила Кацарска за нов уставен судија.

    Овој предлог Судскиот совет ќе го испрати на Собранието, кое треба да гласа. Уставните судии се бираат со просто мнозинство од пратениците.

    Кацарска е предлог на местото на судијата Владимир Стојановски кому му истече мандатот во април, среде пандемија и вонредна состојба. Тој се врати во Врховниот суд, откај што беше избран за уставен судија пред 9 години.

    Кацарска е судија 30 години. Покрај од кривичната, судела и предмети од граѓанската област. Од предметите на СЈО и од оние од висок јавен интерес на редовното ОЈО за организиран криминал, позната е по судењата „Тенк” , „Триста”, „Транспортер”, „Поткуп”, „Организиран напад на Собранието на 27 април 2017 година”. Последниве две судења беа со 30-тина обвинети, но таа одамна ги заврши.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира