СУДИЈКАТА ЈОВАНКА СПИРОВСКА-ПАНЕВА ДОБИ ЈАВЕН УКОР ОД СУДСКИОТ СОВЕТ, ЗАШТО ГИ ИСТЕРА НОВИНАРИТЕ ОД СУДНИЦА ВО СПОРОТ АНЃУШЕВ-ИРЛ

    СУДИЈКАТА ЈОВАНКА СПИРОВСКА-ПАНЕВА ДОБИ ЈАВЕН УКОР ОД СУДСКИОТ СОВЕТ, ЗАШТО ГИ ИСТЕРА НОВИНАРИТЕ ОД СУДНИЦА ВО СПОРОТ АНЃУШЕВ-ИРЛСудскиот совет утврдил дека таа незаконски ѝ забранила на јавноста да го следи соочувањето на бизнисменот Анѓушев со новинарката Сашка Цветковска, за случајот „Фероинвест против медиумот ИРЛ“. - Од протестот на 17 ноември 2023 година (Фото:СДК.МК)

    Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска одржа прес конференција на која беше јавно презентирана одлуката на Судскиот Совет која претставува важен чекор за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Македонија.

    Судскиот совет на 10 октомври донел одлука да ја казни судијката од Граѓанскиот суд Скопје Јованка Спировска-Панева со дисциплинска мерка – јавен укор, зашто ги истера новинарите од судницата за време на спорот за клевета Кочо Анѓушев против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

    Судскиот совет утврдил дека таа незаконски ѝ забранила на јавноста да го следи соочувањето на бизнисменот Анѓушев со новинарката Сашка Цветковска, за случајот „Фероинвест против медиумот ИРЛ“.

    Во одлуката на Судскиот Совет јасно е наведено дека, исклучувањето на јавноста за време на судските рочишта претставува груба повреда на транспарентноста и правото на информирање, што е од суштинска важност за слободата на медиумите. со постапката на судијата за отстранување на новинарите од судница директно се напаѓа медиумската слобода, причина заради која одлуката на Судскиот совет е позитивен пример за заштита на слободата на изразување“, кажа на денешната прес-конференција директорот на ЗНМ Драган Секуловски, за кого ваквата постапка на судијката Спировска-Панева се смета за сериозна професионална грешка и за директен напад врз медиумските слободи, во спротивност со Законот за парнична постапка.

    Претставката ЗНМ ја поднесе на 19 октомври 2023 година, ЗНМ поднесе претставка до Судскиот Совет, барајќи одговорност од судијата Спировска-Панева поради исклучувањето на јавноста од рочиштето од горенаведениот случај, како и поведување на дисциплинска постапка. ЗНМ активно учествуваше на сите четири расправи пред Комисијата составена од тројца судии, презентирајќи релевантни докази што го потврдуваат неправилното постапување на судијата.

    Случајот се однесува на сторијата „Заговор против воздухот“, објавена на 24 октомври 2023 година од ИРЛ. Реакциите по овој случај доведоа до протести од страна на новинарите и медиумските работници, кои јавно го изразија својот револт против неправдите.

    Исто така, пресудата против ИРЛ, со која судот си додели улога да одредува кој смее, а кој не смее да биде новинар, предизвика бурни реакции од страна на Европската Федерација на новинари.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира