СУДИЈКАТА ОЉА РИСТОВА ГО КАЗНИ АДВОКАТОТ ЕЛЕНКО МИЛАНОВ СО 1.000 ЕВРА ОТИ НЕ ДОЈДЕ НА „ТИТАНИК 3“

    СУДИЈКАТА ОЉА РИСТОВА ГО КАЗНИ АДВОКАТОТ ЕЛЕНКО МИЛАНОВ СО 1.000 ЕВРА ОТИ НЕ ДОЈДЕ НА „ТИТАНИК 3“Казнетиот адвокат Еленко Миланов го застапува обвинетиот Исмет Гури. - Од денешното рочиште за „Титаник 3“ (Фото: СДК.МК)

    Судијката Оља Ристова од Основниот суд Скопје 1 му изрече казна од 1.000 евра на Еленко Миланов, адвокат на обвинетиот Исмет Гури, затоа што не дојде на денешното рочиште за предметот на СЈО „Титаник 3“ за изборни нерегуларности.

    Во овој случај обвинет се координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими и Гури, кој за време на локалните избори бил член на општинската изборна комисија во Чаир.

    Алими и Гури дојдоа на денешното рочиште, но тоа мораше да се одложи заради недоаѓањето на адвокатот. Претходно, „Титаник 3“ се одлагаше поради службени отсуства на Алими, поради што судијката Оља Ристова пиша официјален допис до претседателот на Собранието Талат Џафери.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира