СУДИЈКАТА ВЕСНА КИЧЕЕЦ ОД ОХРИД РАЗРЕШЕНА ЗАШТО ГО РАЗВЛЕКЛА СУДЕЊЕТО ЗА МОМЧЕТО УБИЕНО НА НОВА ГОДИНА, ОВОЗМОЖУВАЈЌИ МУ НА УБИЕЦОТ ДА ИЗБЕГА ВО СРБИЈА

    СУДИЈКАТА ВЕСНА КИЧЕЕЦ ОД ОХРИД РАЗРЕШЕНА ЗАШТО ГО РАЗВЛЕКЛА СУДЕЊЕТО ЗА МОМЧЕТО УБИЕНО НА НОВА ГОДИНА, ОВОЗМОЖУВАЈЌИ МУ НА УБИЕЦОТ ДА ИЗБЕГА ВО СРБИЈАСудскиот совет ѝ ја изрече најтешка санкција на судијката Кичеец за нестручно и несовесно постапување во судскиот процес против српскиот турист Бојан Угреновиќ. (Фото: СДК.МК)

    Судскиот совет денеска ја разреши од функцијата судијката Весна Кичеец од Основниот суд Охрид и ја оддалечи од работното место, поради што веќе таа не смее да се појави во судот, и покрај што има право на жалба.

    Ваквата најтешка санкција на Кичеец ѝ била изречена за нестручно и несовесно постапување во судскиот процес против српскиот турист од Краљево, кој на 1.01.2016 година на новогодишната прослава го претепа до смрт младиот охриѓанец Димитар Матилоски.

    Откако го убил со ќотек Матилоски, туристот Бојан Угреновиќ се вратил во кафе барот и продолжил да слави.

    Набргу Угреновиќ беше уапсен и притворен на барање на Охридското обвинителство. Но, постапката ја развлече судијката Весна Кичеец која денеска беше разрешена поради тоа. Таа судењето го развлечка до истек на законскиот максимум за притвор, по што таа го пушти српскиот државјанин на слобода.

    Веднаш штом излезе од притвор, Угреновиќ избега од Македонија, а Кичеец потоа го судеше во отсуство.

    За нестручно и несовесно вршење на судиската функција, денеска е разрешен уште еден судија, а друг има дисциплинска мерка.

    Од она што го дознаваме неофицијално, заостанати предмети за разрешување на судии Судскиот совет има многу малку. Меѓу тие е и поранешната в.д. претседателка на Основниот суд Скопје 1 Тања Михајлова, која дојде на местото на Владимир Панчевски во 2016 година. Неа Судскиот совет не може да ја донесе на седница оти постојано вади и испраќа лекарски уверенија дека е болна.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира