СУДИЈКАТА ЗА ШАМАРИТЕ ШТО ГИ НАРАЧУВАШЕ ГРУЕВСКИ ИЗБРАНА ЗА В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КРИВИЧНИОТ СУД

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДИЈКАТА ЗА ШАМАРИТЕ ШТО ГИ НАРАЧУВАШЕ ГРУЕВСКИ ИЗБРАНА ЗА В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КРИВИЧНИОТ СУД

    Судијката Татјана Михајлова, кај која се падна обвинението против поранешниот премиер Никола Груевски за насилство во општина Центар и нарачаните шамари за Андреј Жерновски, е назначена за в.д. претседател на Основен Суд Скопје 1 на денешната седница на Судскиот совет. Таа ќе го води судот до изборот на нов претседател. За в.д. претседател на Врховен суд, пак, избрана е Снежана Бајлозова, една од кандидатидатките за претседател на Судот.

    Четиригодишните мандати на претседателите на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски и на Врховниот суд Лидија Неделкова завршуваат денеска и Судскиот совет, по препораките од Антикорупциската комисија, соопшти дека претседатели на судовите ќе се избираат по парламентарните избори. Затоа и се оди на варијанта со в.д. претседатели.

    Судењето за насилство во Центар, првично закажано за 21 ноември, Михајлова го одложи за 16 декември, по изборите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира