СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА СЈО ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИЈКАТА ШТО СЕ СПОМЕНУВА ВО БОМБИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:47:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМК.МК)

    СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА СЈО ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИЈКАТА ШТО СЕ СПОМЕНУВА ВО БОМБИТЕ

    Претседателот на Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на судијката Лидија Петровска од постапувањето по обвинението на СЈО за уништување докази во УБК.

    „Претседателот на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое барањето се одбива поради тоа што не се основани причините за изземање на судијата кои СЈО ги навело во своето барање“, соопшти Судот.

    СЈО минатиот петок поднесе барање за изземање на судијката Лидија Петровска, која постапува по обвинението на СЈО за уништувањето на докази во УБК, бидејќи „постојат околности кои предизвикуваат сомневање во нејзината непристрасност во донесување на одлука, од причини што истата судијка се јавува во содржината на јавно објавените незаконски прислушувани разговори“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира