СУДОТ ЈА ОСЛОБОДИ СИЛВАНА БОНЕВА ОД ОБВИНЕНИЕТО ЗА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ ДОДЕКА БЕШЕ ПРАТЕНИЧКА

    СУДОТ ЈА ОСЛОБОДИ СИЛВАНА БОНЕВА ОД ОБВИНЕНИЕТО ЗА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ ДОДЕКА БЕШЕ ПРАТЕНИЧКАСудот ја укина и времената мерка за замрзнување на имотот на Бонева (Фото: СДК.МК)

    Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе ослободителна пресуда за поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева во предметот „Друмарина“, соопштија од судот. Таа беше обвинета од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) за кривичното дело Измама во службата.

    Според обвинението на СЈО, Бонева како пратеничка во периодот од 2011 до 2015 година манипулирала со патните трошоци кои што ги наплаќала како да доаѓа од Струмица, иако живеела во Скопје. Обвинителите сметаат дека незаконски ѝ биле исплатени над 100.000 евра со тоа што прикажувала лажни фискални сметки од патарини.

    Но, судот денеска донесе неправосилна пресуда дека обвинителството не го докажало делото за кое ја товари обвинетата.

    Истовремено, судот, постапувајќи по службена должност, а по сила на законот, донесе решение со кое се укинува времената мерка – Забрана за отуѓување и ставање под хипотека на недвижен имот на име на обвинетата и нејзиното семејство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира