ЕДМОНД ТЕМЕЛКО Е НЕДОСТАПЕН ЗА СУДОТ, ОДРЕДЕН МУ Е ПРИТВОР ОТКАКО ЌЕ ГО НАЈДАТ

    ЕДМОНД ТЕМЕЛКО Е НЕДОСТАПЕН ЗА СУДОТ, ОДРЕДЕН МУ Е ПРИТВОР ОТКАКО ЌЕ ГО НАЈДАТЕдмонд Темелко е еден од обвинетите во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности.

    Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 му одреди притвор од 30 дена на градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко. Притворот е на барање на СЈО, но оттаму попладнево нема информации зошто ја барало оваа мерка и зошто во оваа фаза на оценка на обвинението за „Титаник“ за изборни нерегуларности, случај во кој што Темелко е еден од обвинетите, покрај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и други членови на највисокото партиско раководство. Апелациониот суд на 21 јули донесе одлука да му се одземе пасошот на Темелко со обврска еднаш неделно да се јавува во Кривичниот суд.

    Веста ја објави вечерва телевизијата „Алсат М“, а за САКАМДАКАЖАМ.МК ја потврди Основниот суд Скопје 1. Едмонд Темелко е недостапен за органите на прогонот. Тој не се јавувал во одредениот термин секоја недела во Кривичниот суд. Според барањето на СЈО, мерката притвор е 30 дена од неговото наоѓање.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира