СУДОТ ПОЛА ГОДИНА НЕ МОЖЕ ДА УТВРДИ ДАЛИ Е НАДЛЕЖЕН ЗА СВЕДОЧЕЊЕТО НА БОГОЕВСКИ, ВЕЛИ АДВОКАТОТ НА ЕКСРАЗУЗНАВАЧОТ

    СУДОТ ПОЛА ГОДИНА НЕ МОЖЕ ДА УТВРДИ ДАЛИ Е НАДЛЕЖЕН ЗА СВЕДОЧЕЊЕТО НА БОГОЕВСКИ, ВЕЛИ АДВОКАТОТ НА ЕКСРАЗУЗНАВАЧОТЕксразузнавачот Слобода Богоевски во Основниот суд Скопје 2 на претходното рочиште на 25 мај. (Фото: СДК.МК)

    И нотарот Сашо Клисаровски, како и адвокатката Билјана Панова пред кои поранешниот разузнавач Слободан Богоевски ја дал изјавата за потребите на Њујоршкиот суд дека Али Ахмети, Муса Џафери, Владо Бучковски и други поранешни функционери примиле поткуп од Маѓар Телеком се повика на тајноста на постапката и забраната за изнесување информации од заверената изјава на Богоевски на денешното судско рочиште за клевета во кое Ахмети и Џафери го тужат Богоевски.

    Валентин Зафиров, адвокатот на Богоевски по судењето изјави дека е запрепастен како овој случај ќе продолжи кога, како што рече, половина година Основниот суд Скопје 2 не може да утврди стварна и месна надлежност, а не утврди ни денеска. Зафиров апелираше судските реформи да почнат што побрзо бидејќи, како што кажа, вака не може да се продолжи. Судењето продолжува на 5 септември.

    Денешното судско рочиште за клевета во кое Ахмети и Џафери го тужат Богоевски и му бараат оштета од вкупно 5,5 милиони денари за предизвикан стрес, сепак се одржа и покрај тоа што нотарот укажа дека има потпишана изјава и налог за заштита дека не смее зборува за изјавата на Богоевски, кој беше еден од клучните сведоци на Њујоршкиот суд, каде што обвинетите поранешни директори на Маѓар Телеком Елек Штрауб и Андраш Балог се спогодија во април годинава да платат парични казни и да добијат забрана за вршење дејност за да се запре случајот против нив во кој што беа обвинети дека потплатиле функционери од Македонија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира