НЕ МОЖЕ ПОЛИТИЧАРИ ДА ДОГОВАРААТ РЕОТВАРАЊЕ НА СУДСКИ ПРОЦЕСИ, ВЕЛАТ ОД СУДСКИОТ СОВЕТ ПО ДОГОВОРОТ ЗАЕВ – ГАШИ

    НЕ МОЖЕ ПОЛИТИЧАРИ ДА ДОГОВАРААТ РЕОТВАРАЊЕ НА СУДСКИ ПРОЦЕСИ, ВЕЛАТ ОД СУДСКИОТ СОВЕТ ПО ДОГОВОРОТ ЗАЕВ – ГАШИАфрим Гаши најави дека одредени судски процеси како Монструм, Диво насеље, смртта на Алмир и други ќе се преиспитуваат - (Фото: К. Попов)

    Судскиот совет бара првин да се прочитаат законите, кога политичарите најавуваат пред граѓаните повторување на завршени судски постапки со правосилни пресуди. По најавата на лидерот на Алтернатива Африм Гаши дека одредени судски процеси како Монструм, Диво насеље, смртта на Алмир и други ќе се преиспитуваат, Судскиот совет во став побаран од САКАМДАКАЖАМ.МК, предупредува дека законите треба да се почитуваат и дека точно се знае кога може еден судски процес да се отвори одново.

    „Во врска со најавата за евентуална проверка на завршени предмети и донесени правосилни пресуди, Судскиот совет укажува дека во Законот за кривична постапка, Законот за парнична постапка, како и други процесни закони, јасно е предвидено под кои услови може да има повторување на постапката за одреден предмет или кој суд е надлежен за укинување на одредена пресуда. Како и со каква цел ќе се формира меѓународна комисија Судскиот совет нема информации, но има право и обврска да укаже на доследно почитување на законите и на судските одлуки“, ни одговори Советот.

    Според нашите закони, судење може да се преотвори само ако повисок суд, Апелација или Врховен, донесе таква одлука. Тоа беше случај со петкратното убиство кај Смиљковско езеро, кога Врховниот суд одлучи дека постапката во основниот и во апелациониот суд имала одредени недостатоци, па со упатства, ја врати отпочеток.

    Заев дури го додаде и случајот со мистериозното загинување на новинарот Никола Младенов, но кажа дека не се работи за ангажирање европски правни експерти за реотварање на случаите за кои постапиле нашите судови, туку дека тие експерти треба да извршат анализа на доказите и на водењето на постапките и да дадат коментар.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира