На Судскиот совет не му доликуваат вакви сцени, вели претседателот Стево Пендаровски, по дводневниот хаос и беззаконие што се случува во ова највисоко тело во судската власт.
„Ставот на претседателот Пендаровски е дека се случуваа сцени кои не му доликуваат на телото кое има многу одговорна улога, со оглед на надлежностите кои ги има во изборот и разрешување на судии и оценување на работата на судиите, грижата за угледот на судството како клучен фактор за довербата на граѓаните кон судството. Со вакви постапки, дополнително се намалува кредибилитетот, не само на Судскиот совет, туку и довербата на граѓаните во правосудниот систем“, велат од Претседателскиот кабинет.
Вчера, група членови на Судскиот совет незаконски ја разрешија претседателката Весна Дамева, која е избрана за член на Советот на предлог на Пендаровски. Денеска истата група се обидува да ги собере неопходните гласови за да избере нов претседател на Судскиот совет.
- ГРУПАТА ВО СУДСКИОТ СОВЕТ КОЈА ВЧЕРА НЕЗАКОНСКИ ЈА РАЗРЕШИ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ДАМЕВА, СЕГА ГИ УБЕДУВА ОСТАНАТИТЕ ЧЛЕНОВИ ДА ГЛАСААТ ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗАШТО НЕМА МНОЗИНСТВО
- ПО НЕЗАКОНСКОТО РАЗРЕШУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ДАМЕВА, НЕЈЗИНИОТ ЗАМЕНИК ВО СУДСКИОТ СОВЕТ АДЕМИ ДЕНЕСКА ИТНО ЌЕ БИРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ
- РАЗРЕШЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ ДАМЕВА, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ АДЕМИ САМ ГО СТАВИ ПРЕДЛОГОТ НА ГЛАСАЊЕ
- ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СУДСКИОТ СОВЕТ СЕЛИМ АДЕМИ, КОЈ 10 ГОДИНИ Е НА ФУНКЦИЈА, ОДБИ ДА КАЖЕ ДАЛИ ГО БРАНИ СУДИЈАТА ЕНВЕР БЕЏЕТИ ОД РАЗРЕШУВАЊЕ
- ВОЈНА ВО СУДСКИОТ СОВЕТ ЗА СУДИЈАТА ЕНВЕР БЕЏЕТИ, СЕ СОБИРААТ ГЛАСОВИ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ВЕСНА ДАМЕВА АКО ГО СТАВИ НА ДНЕВЕН РЕД БАРАЊЕТО ЗА НЕГОВА ОДГОВОРНОСТ ЗА „ТВРДИНА-ТАРГЕТ“