СУСПЕНДИРАНА АКУШЕРКА НА ГИНЕКОЛОГИЈА КОЈА НЕНАМЕРНО МУ ОТСЕКЛА ДЕЛ ОД ПАЛЕЦОТ НА НОВОРОДЕНЧЕ

    СУСПЕНДИРАНА АКУШЕРКА НА ГИНЕКОЛОГИЈА КОЈА НЕНАМЕРНО МУ ОТСЕКЛА ДЕЛ ОД ПАЛЕЦОТ НА НОВОРОДЕНЧЕИнцидентот се случил на Одделот за новородени деца. (Фото: СДК.МК)

    Суспендирана е акушерка на скопската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) која, во текот на испис на новороденче ненамерно пресекла мал дел од палецот на бебето, соопшти Министерството за здравство. Инцидентот се случил на Одделот за новородени деца.

    Од Министерството велат дека дежурниот педијатар на ГАК постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденчето е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата.

    Акушерката е дадена на Дисциплинска комисија и ѝ била изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира