Суспендирани нови 15 припадници на Министерството за внатрешни работи бидејќи на 27 април за време на организираниот напад на Собранието не постапиле професионално, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.
Меѓу суспендираните е и помошник-министерот Небојша Стајковиќ, кој е суспендиран поради нефункционирањето на системот за снимање на командите во министерството за внатрешни работи.
Внатрешната контрола при МВР досега има суспендирано пет полицајци-вработени во собраниското обезбедување бидејќи не го спречиле отворањето на вратите на Собранието при што демонстрантите влегоа во Собранието и беа повредени околу 100 пратеници, новинари, полицајци и вработени во Парламентот.
МВР прави истрага за уште 30-тина припадници на Министерството за внатрешни работи за нивното однесување и постапување во инцидентите во Собранието.