СВИДЕТЕЛСТВАТА СЕ ДЕЛАТ ПО ШКОЛИТЕ, УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА, ВЕЛАТ ОД БИРОТО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕ

    СВИДЕТЕЛСТВАТА СЕ ДЕЛАТ ПО ШКОЛИТЕ, УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА, ВЕЛАТ ОД БИРОТО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕСвидетелствата за завршена учебна година во јуни ги добија само полуматурантите и матурантите заради уписите во средно училиште и на факултетите.- Од ланските уписи. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Свидетелствата за завршена учебна година 2020/2021 веќе се дистрибуираат по училиштата и од понеделник ќе бидат доделени на учениците од основните и средните училишта, велат од Бирото за развој на образованието (БРО) за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Свидетелствата за завршена учебна година во вообичаениот термин во јуни ги добија само полуматурантите и матурантите заради уписите во средно училиште и на факултетите. Свидетелства добија и учениците кои имаа итна потреба од свидетелство поради преселба или продолжување на школувањето во странство.

    Од Бирото тогаш рекоа дека учениците ќе ги добијат свидетелствата во август оти тогаш ќе биде порелаксирана ситуацијата со ковид пандемијата. На 24 јуни, во земјава имаше 233 активни случаи на ковид-19, а вчера активни беа 6.734.

    „Свидетелствата се дистрибуираат веќе во училиштата низ земјава, до петок најдоцна, дури може и порано, сите школо ќе ги добијат“, велат од Бирото.

    Новата учеба година, како што одлучи вчера Владата, почнува во септември со физичко присуство во основните и средните училишта, а наставата ќе се одвива под здравствени протоколи.

    „Секако има исклучоци за оние деца кои се со хронични болести, или имаат во семејствата некој кој што е со одредена хронична болест ќе може да добијат одредено ослободување и да може следат настава. И за децата коишто ќе одат во изолација исто така ќе им биде овозможено да следат онлајн настава“, рече вчера министерката за образование и наука Мила Царовска.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира