ЕПИДЕМИОЛОЗИТЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО ЌЕ ОДЛУЧУВААТ ДАЛИ ЦЕЛО ОДДЕЛЕНИЕ ЌЕ ОДИ ВО ИЗОЛАЦИЈА ПО СЛУЧАЈ НА КОВИД-19, РЕЧЕ ЦАРОВСКА

    ЕПИДЕМИОЛОЗИТЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО ЌЕ ОДЛУЧУВААТ ДАЛИ ЦЕЛО ОДДЕЛЕНИЕ ЌЕ ОДИ ВО ИЗОЛАЦИЈА ПО СЛУЧАЈ НА КОВИД-19, РЕЧЕ ЦАРОВСКАВладата денес ќе одлучува за предлогот сите ученици да се вратат во училиштата. - Од ланскиот старт на 1 октомври. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Епидемиолошката служба на лице место ќе одлучува дали еден ученик, дали неколку ученици или целото одделение ќе оди во изолација доколку во одделението се појави случај на заболен од ковид-19, рече денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

    Владата денеска ќе одлучува за предлогот на Главниот кризен штаб, наставата во основните и во средните училишта да почне и да се одвива со физичко присуство на учениците, како пред пандемијата од ковид-19.

    „Искуствата од лани и заклучоците донесени со епидемиолозите оваа година укажуваат на тоа дека одлуката на лице место ќе ја донесе епидемилошката служба. Лани покажавме како функционира, сите наставници и директори се обучени и искусни веќе. Лани немавме инциденти на интерни ширење на вирусот“, рече Царовска по средбата со образовните асистенти во ресусрниот центар „Иднина“ во Чаир.

    Министерката кажа дека ослободени од физичко присууство ќе бидат учениците со хронични болести и децата кои имаат лица со хронични болести болести во семејството. Тие ќе може да следат онлајн настава, исто како и учениците кои ќе бидат во изолација.

    Околу 62 проценти од кадарот во образованието е вакциниран против ковид-19, Царовска вели дека е задоволна и дека очекува тој процент да се зголеми во наредниот период.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира