ТАБЛИ АЛАРМИРААТ ЗА ИСЕЛУВАЊЕТО ВО РЕКАНСКИОТ КРАЈ

a:1:{s:9:"td_source";s:41:"Река,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТАБЛИ АЛАРМИРААТ ЗА ИСЕЛУВАЊЕТО ВО РЕКАНСКИОТ КРАЈ

    Иселувањето, најголем проблем во Реканскиот крај, е темата на граѓанската акција со поставување сообраќајни табли – потсетници во реканските села. На таблите, покрај нaсокатa и рaстојнието до одреденото село во километри има и информации колку луѓе се иселиле од тоа село изминатите 20 години и колкав процент од вкупното население е иселено во странство.

    Акцијата е со цел да се алармираат локалните невладини организации и месните заедници за масовното иселување. Помогната е од програмата Цивика мобилитас која е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), што го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари