ТАЈНА СЕДНИЦА ЗА КОНТРОЛА НА ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:203:"УштенемаодговородУБКсокакваопремазаприслушувањерасполага,задаможеКомисијатадагоизвршинадзорот

    ТАЈНА СЕДНИЦА ЗА КОНТРОЛА НА ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА

    Скопје, 27 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) – Собраниската комисија за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР), поради изборите ќе одржи тајна седница в петок. Претседателот на Комисијата Хари Локвенец вели дека политичките услови се многу специфични, па делот од седницата на кој ќе разгледува нивната работа за 2015 година ќе мора да се затвори за јавноста.

    “Поради ситуацијата во која живееме и работиме, и земајќи ги предвид најавените избори, седницата за ревизија на извештаите за тоа што работеле тајните служби во текот на минатата година мора да биде затворен за јавноста. На истата седница ќе треба да го усвоиме и нивниот план за работа за 2016. Доколку имаме забелешки за досегашната работа, како и за следните предвидени активности на овие служби, ќе дебатираме и ќе видиме кои се следните чекори што ќе ги преземеме”, изјави Локвенец за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Локвенец нагласи дека се уште нема одговор од УБК со каква опрема за прислушување располага, за да може Комисијата да го изврши надзорот.

    “Немаме одговор, иако побаравме список за целата техничка опрема со која располагаат, за техничките карактеристики што ги има опремата, како и упатството за нејзино користење напишана од производителот. Не можеме да направиме суштински инспекциски надзор, без да ги имаме овие информации”, вели Локвенец. Тој најави дека допрва ќе се усвојува планот за работата на Комисијата за оваа година.

    Министерството за внатрешни работи, во октомври минатата година предложи измени на Законот за следење на комуникациите, согласно препораките во извештајот на Прибе.

    Во Предлог-законот беа дадени две опции во однос на опремата за следење на комуникациите за целите на кривичната истрага. Првата опција беше секоја од институциите кои имаат овластувања за следење на комуникациите, Јавното обвинителство, Царината, МВР и финансиската полиција да имаат нивна опрема, а втората е формирање посебен центар за следење на комуникациите во рамки на Јавното обвинителство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари