ТАКСИСТИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ СУБВЕНЦИИ ЗА 200 ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА, НАЈАВИ МЕЏИТИ

    ТАКСИСТИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ СУБВЕНЦИИ ЗА 200 ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА, НАЈАВИ МЕЏИТИПросечната цена на едно електрично возило е 28.000 евра, вкупната сума за 200 возила изнесува околу 5,6 милиони евра, а Министерството ќе субвенционира 15% од сумата или околу 840.000 евра, рече Меџити. (Фото: МЖСПП)

    Субвенционирање на 200 електрични возила за таксисти, најави првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити на работната средба со Унијата за здруженија на таксисти. Меџити рече дека овој проект е дел од стратегијата за борба против загадувањето на воздухот и подобрување на квалитетот на урбаниот живот.

    „Возилото што денес го претставуваме е електрично, со високи еколошки стандарди, без штетни емисии, без бучава и со висока енергетска ефикасност“, рече Меџити и додаде дека овие возила во неколку фази ќе ги заменат постојните кои користат дизел, бензин или гас.

    Кажа дека просечната цена на едно електрично возило е 28.000 евра, вкупната сума за 200 возила изнесува околу 5,6 милиони евра, а Министерството ќе субвенционира 15% од сумата или околу 840.000 евра. Според еколошките експерти, замената на овие возила ќе резултира со намалување од над 2.700 тони јаглерод диоксид годишно, што е еквивалентно на садење на повеќе од 120.000 садници. Дополнително, рече Меџити, ќе има значително намалување на урбаната бучава, особено во густо населени зони.

    Меџитикажа дека Министерството веќе иницираше систем за споделување возила (car sharing system) со првите 100 електрични возила за јавна употреба, електрични тротинети и велосипеди во неколку градови, а во соработка со Европската Унија преку програмата „ЕУ за чист воздух“ донирани се 6 електрични автобуси за Град Скопје, зголемени се капацитетите за мониторинг на квалитетот на воздухот и засадени се десетици илјади садници низ целата земја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира