Таксистите нема да треба да учат англиски јазик за да можат да добијат лиценца за работа. Владата на денешната седница ги усвои предлог измените на Законот за патен сообраќај со кои што таксистите веќе нема да имаат потреба од меѓународен сертификат за англиски јазик.
Одлуката таксистите да познаваат англиски јазик ја донесе Министерството за транспорт и врски, во ноември 2013 година кога министер беше Миле Јанакиески. Пријавувањето на таксистите за поседување на часови по аглиски почна во 2015 година, кога општините ги објавија конкурсите за пријавување.
Јанакиески тогаш рече дека ја носат оваа одлука за да се среди хасоот во такси превозот и дека трошоците за часовите по англиски јазик кои ќе ги посетуваат таксистите ќе ги покријат Министерството за траснпорт и врски и општините.
Со одлуката се предвидуваше од 1 јануари 2017 година секој таксист да има основно познавање на англиски јазик за да добие лиценца за работа, а најдоцна до 2019 година да има има совладано еден степен повеќе.