ТАЛАТ И ПРАТЕНИЦИТЕ ОД МНОЗИНСТВОТО СЕ ЗАКЛУЧЕНИ ВО ПРЕС-ЦЕНТАРОТ

    ТАЛАТ И ПРАТЕНИЦИТЕ ОД МНОЗИНСТВОТО СЕ ЗАКЛУЧЕНИ ВО ПРЕС-ЦЕНТАРОТПратеници и новинари се заглавени во прес-центарот на Собранието. (Фото: СДК.МК)

    Новиот претседател на Собранието Талат Џафери и пратениците од мнозинството се заклучени во прес-центарот, каде заедно со новинарите присуствуваа на прес-конференијата на Џафери, кога во Собранието влегоа демонстранти од „За заедничка Македонија“.

    Џафери го повика министерот за внатрешни работи да ги преземе сите мерки согласно Уставот и законите да ја гарантира безбедноста на новинарите и пратениците во Собранието. Лидерот на СДСМ Зоран Заев повика на трпение и најави дека ситуацијата ќе се разрешни за неколку минути.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира