СОБРАНИСКИТЕ СЛУЖБИ СО ЧАСОВИ ГИ ЧЕКААТ БИОГРАФИИТЕ ЗА ЗАМЕНИЦИТЕ МИНИСТРИ ВО ВЛАДАТА

    СОБРАНИСКИТЕ СЛУЖБИ СО ЧАСОВИ ГИ ЧЕКААТ БИОГРАФИИТЕ ЗА ЗАМЕНИЦИТЕ МИНИСТРИ ВО ВЛАДАТАПретседателот на Собранието Талат Џафери е познат како пратеникот кој никогаш не доцни. (Фото: СДК.МК)

    Дваесетина луѓе од разни сектори во Собранието и спикерот Талат Џафери повеќе од два часа ги чекаат од Владата на Зоран Заев биографиите на замениците-министри кои треба да се најдат на гласање на денешната собраниска седница.

    Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК нервозни се сите во моментов кои уредно си дошле уште во 20.30 часот, за да ги стокмат предлозите за заменици – министри и да ги спремат за седницата со се комплетните биографии. Најнервозен бил претседателот на Собранието Талат Џафери, познат како пратеникот кој никогаш не доцни. Тој, велат присутни вработени кои се изначекаа вечерва, цело време ги потсетувал во Секретаријатот на Владата: „Ајде, ајде што напраивте! До каде сте, побрзајте!“, а од другата страна му одговарале:„Еве уште малце“, но биографиите на замениците никако да стигнат во Собранието.

    Причина за доцнењето, велат партиски извори, било тоа што некои од предлозите, денеска, по владината седница, првпат слушнале дека ќе бидат заменици-министри.

     

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира