ТАЛЕВСКИ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА РАСПИТ, СЈО ГО ЧЕКА

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Скопје(сдк.мк)

    ТАЛЕВСКИ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА РАСПИТ, СЈО ГО ЧЕКА

    Специјалното јавно обвинителство потврди дека Владимир Талевски бил повикан на распит во Скопје за случајот „Транспортер“, но градоначалникот на Битола не се појавил во предвидениот термин.

    Од СЈО не знаат зошто Талевски не се одзвал на поканата, иако бил уредно поканет и велат дека во иднина ќе бидат преземени соодветни истражни и други дејствија.

    „Во врска со предметот во јавноста познат како „Транспортер“ Ве известуваме дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против 1 (едно) лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело од чл. 353 ст 5 вв ст. 1, а вв. ст. 22 и 45 од Кривичниот законик, а поднесен е и предлог за определување на мерка притвор против истото лице. По однос на привремените мерки за обезбедување на имотноправно барање, Ве известуваме дека до Основен суд Скопје 1 Скопје е поднесен предлог кој беше вратен на доуредување, но ниту од Државното правобранителство ниту од Министерството за образование и наука сеуште не се доставени предлози за остварување на имотно правно барање, иако тоа од наша страна беше побарано“, стои во денешното соопштение на СЈО.

    Против Талевски беше запрена постапката, бидејќи беше помилуван од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, но откако Иванов ја повлече својата одлука, Специјалното јавно обвинителство може да продолжи да постапува по предметот. Од Општина Битола велат дека не знаат дали градоначалникот денеска е на работа.

    Во случајот „Транспортер“ покрај градоначалникот Владимир Талевски, СЈО осомничи уште 22 луѓе, меѓу кои негови соработници од општината, директори на битолски училишта и директори на транспортни фирми од Битола. Осомничени се за местење тендери за превоз на ученици во Битола, со што ја оштетиле градската каса за 360.000 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари