ТАРАВАРИ СО ЕКСПЕРТИ ЌЕ ПРАВИ РЕВИЗИЈА НА ПРОЕКТОТ НА ТОДОРОВ ЗА НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ОД 72 МИЛИОНИ ЕВРА

    ТАРАВАРИ СО ЕКСПЕРТИ ЌЕ ПРАВИ РЕВИЗИЈА НА ПРОЕКТОТ НА ТОДОРОВ ЗА НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ОД 72 МИЛИОНИ ЕВРАПроектот беше најавен уште пред три години кога беше урната старата зграда на клинички, но тендерската постапка за избор на изведувач и потпишувањето на договорот заврши непосредно пред заминувањето на ексминистерот Тодоров. - Таравари на владина седница; Тодоров на потпишувањето на договорот за изградба на нова клинички центар

    До крајот на ноември ќе се знае каде и како ќе се гради новиот клинички центар во Скопје, рече министерот за здравство Арбен Таравари на отчетот за 100 дена од новата Влада. Тој кажа дека со грант од 2,1 милион евра од Централна европска банка ќе биде ангажирана странска консултантска куќа, која ќе направи ревизија на проектот за клинички центар, за кој што ексминистерот Никола Тодоров на неколку дена пред изборот на новата влада потпиша договор за изградба од 72 милиони евра во кругот на сегашниот клинички центар на место на старата зграда за гинекологија.

    „Конкурсот за избор на експертите Централна европска банка ќе го распише деновиве. Оваа ревизија треба да покаже дали може да се гради во кругот на клинички и дали вреди и ако не може, да се најде друго решение”, рече Таравари.

    За изградба на новиот клинички претходната Влада зеде кредит од Централната европска банка. Проектот беше најавен уште пред три години кога беше урната старата зграда на клинички, но тендерската постапка за избор на изведувач и потпишувањето на договорот заврши непосредно пред заминувањето на ексминистерот Тодоров.

    Тодоров го потпиша договорот со претставници на компаниите „Гранит“, „Бетон“ и италијанската „ИНСО системи“ на 19 мај, нецели две недели пред изборот на новата влада. Вредноста на договорот изнесуваше 72 милиони евра, а градежните работи требаше да бидат завршени во рок од 45 месеци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира