ТАРАВАРИ ОБЈАВИ ДЕКА КОЛАБИРАЛ, БИЛ ЗАДРЖАН В БОЛНИЦА И ПУШТЕН Е ДОМА

    ТАРАВАРИ ОБЈАВИ ДЕКА КОЛАБИРАЛ, БИЛ ЗАДРЖАН В БОЛНИЦА И ПУШТЕН Е ДОМАМинистерот Таваравари на настан пред Клиниката за онкологија минатиот месец. (Фото: К. Попов)

    Министерот за здравство Арбен Таравари на својот фејсбук профил објави дека колабирал и бил пренесен в болница.
    „Вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар. Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи. Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница. Сè уште сум под опсервација, бидејќи моите колеги сè уште немаат донесено никакви заклучоци. Сепак, добро сум, со семејството и ќе ги чекаме одговорите на лекарите“, објави Таравари.
    Таравари по професија е невролог и доаѓа од Клиниката за неврологија. Тој е и претседател на партијата Алијанса за Албанците.
    Од Министерството за здравство велат дека министерот е во добра состојба, добар е, дома е и одмара.
    „Тој е во најдобра можна состојба. Не е во болница, дома е. Вчера беше прво на Неврологија, па на Кардиологија, па во Рентген институтот и потоа си замина дома. Ги направивме сите можни анализи, сѐ е чисто, сѐ е добро. Просто е – премор“, вели  Министерството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира