ВРХОВНИОТ СУД НЕ ГО ПУШТИ ТАТКОТО НА ВАЊА ОД ПРИТВОР, ТОЈ ВЕЛИ ДЕКА ПО ЗАВРШНИЦАТА НА СЛУЧАЈОТ ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ЖИВЕЕ

    ВРХОВНИОТ СУД НЕ ГО ПУШТИ ТАТКОТО НА ВАЊА ОД ПРИТВОР, ТОЈ ВЕЛИ ДЕКА ПО ЗАВРШНИЦАТА НА СЛУЧАЈОТ ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ЖИВЕЕАдвокатот Владимир Туфегџиќ рече дека не им е приложен ниту еден доказ или индиција од кој може да се заклучи дека постои минималниот стандард за продолжување на мерката притвор. (Фото: МИА)

    Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, кажа дека му е важно случајот да добие разрешница за да може да донесе одлука дали ќе продолжи да живее, зборувајќи на денешната јавна седница на Врховниот суд во врска со неговата жалба да биде пуштен притвор, која што беше одбиена.

    Тој е еден од осомничените за киднапирањето и убиството на неговата 14-годишна ќерка во ноември минатата година и од декември е во притвор, заедно со уште тројца други обвинети. Првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо е сè уште во екстрадициски притвор во Турција.

    „Јас сум поделен на два света во моментов, едното дете ми се наоѓа тука, другото ми го одземаа. Не ми е важно каде ќе ја дочекам разрешница од оваа ситуација, важно ми е да дојде до разрешница, за да можам и јас да донесам одлука како возрасен човек дали ќе продолжам на овој свет или ќе се придружам на постарата ќеркичка“, рече Ѓорчевски во Врховниот суд.

    Неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ рече дека не им е приложен ниту еден доказ или индиција од кој може да се заклучи дека постои минималниот стандард за продолжување на мерката притвор.

    Обвинителката Наталија Тасевска кажа дека станува збор за тешко кривично дело од кое е произлезена тешка последица, а за судството во такви дејствија законот предвидува тешка казна, од кое само по себе произлегува причината дека ако обвинетиот е на слобода ќе постои висок степен на веројатност дека ќе се даде во бегство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира