ТЕЛО НА КИДНАПИРАНА ЖЕНА НАЈДЕНО И ОТКОПАНО ОД ДУПКА ВО СЕЛОТО НЕГОТИНО, ГОСТИВАРСКО, ДВАЈЦА СЕ УАПСЕНИ

    ТЕЛО НА КИДНАПИРАНА ЖЕНА НАЈДЕНО И ОТКОПАНО ОД ДУПКА ВО СЕЛОТО НЕГОТИНО, ГОСТИВАРСКО, ДВАЈЦА СЕ УАПСЕНИЈавниот обвинител наредил обдукција и идентификација на починатото лице и прибирање траги од местото (Фото: СДК.МК)

    Во атарот на гостиварското село Неготино, доцна вчера е најдено тело на жена закопано во дупка. Две лица се уапсени, за едното веќе има краткотраен притвор за собирање докази. Жената претходно била пријавена дека е исчезната, а всушност била киднапирана.

    „Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар ноќеска изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано починато лице, закопано во дупка. Поради сомненија дека станува збор за жена која била претходно пријавена за исчезната со индиции дека била противправно лишена од слобода, јавниот обвинител нареди обдукција и идентификација на починатото лице и прибирање траги од лице место“, соопшти обвинителството.

    Ноќеска биле преземени повеќе истражни дејствија, по што за едно осомничено лице било одредена мерка краткотраен притвор од 48 часа за обезбедување докази, додека уште едно лице било задржано и за него се вршат проверки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира