ТЕВДОВСКИ НЕ Е МЕЃУ МИНИСТРИТЕ ШТО СИ ПОДНЕЛЕ ОСТАВКА

    ТЕВДОВСКИ НЕ Е МЕЃУ МИНИСТРИТЕ ШТО СИ ПОДНЕЛЕ ОСТАВКАПремиерот Зоран Заев кажа дека согласно Уставот и Законот за влада, ќе раководи со Министерството за финансии до избор на нов министер. - Драган Тевдовски (Фото: СДК.МК)

    На почетокот на собраниската седница за владината реконструкција, претседателот на Собранието Талат Џафери ги прочита министрите кои си поднеле оставка. Меѓу нив го немаше министерот за финансии Драган Тевдовски.

    Премиерот Зоран Заев подоцна ги предложи за разрешување Драган Тевдовски, Хазби Лика и Сухеил Фазлиу.

    Заев кажа дека согласно Уставот и Законот за влада, ќе раководи со Министерството за финансии до избор на нов министер.

    Собранието констатираше дека на министрите за култура, за земјоделство, за животна средина и министерот без ресор Асаф Адеми, Љупчо Николовски, Садула Дураки и Зоран Шапуриќ им престана мандатот, бидејќи тие претходно поднеле оставки.

    За разлика од тие кои поднеле оставка, за Тевдовски, Лика и Фазлиу собранискиот Деловник овозможува расправа.

    НДП се налути што им го зема Заев ресорот локална самоуправа, со кој досега раководеше Фазилу, и го дава на ЛДП, со предлог да го води Горан Милевски. Поради тоа, претседателот на НДП Весел Мемеди најави дека ќе поднесе оставка како потпретседател на Собранието, но и како пратеник. Најави и дека сите функционери од неговата партија ќе поднесат оставки.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира