ТИЛЕСКИ ЌЕ ГИ ПРОДОЛЖИ ПРОЕКТИТЕ НА БАКРАЧЕСКИ, КАЖА ГРУЕВСКИ НА СТАРТОТ НА КАМПАЊАТА ВО ОХРИД

    ТИЛЕСКИ ЌЕ ГИ ПРОДОЛЖИ ПРОЕКТИТЕ НА БАКРАЧЕСКИ, КАЖА ГРУЕВСКИ НА СТАРТОТ НА КАМПАЊАТА ВО ОХРИДЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го пофали досегашниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, за сработеното во изминатите 4 години. - Традиционално, ВМРО-ДПМНЕ ја почнува предизборната кампања во Охрид (Фото: Фејсбук/ВМРО-ДПМНЕ)

    ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ вечерва од Охрид ја почнаа изборната кампања за локалните избори на 15 октомври.  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави победа на нивниот кандидат за градоначалник на Охрид Митко Тилески, а воедно и победа на локалните избори.

    Груевски го пофали досегашниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, за сработеното во изминатите 4 години и кажа дека дека Тилески ќе ги продолжи проектите во Охрид. Тој во својот говор ги критикуваше политиките на новата Владата, потенцирајќи дека се доведени во прашање економијата, националниот идентитет, културата, јазикот и државата. Но, граѓаните, рече Груевски, на овие избори со пенкало во рака ќе одберат работа и посилна економија.

    „Сведоци сме на безмалку четири месеци владеење на СДСМ, некој ќе рече тоа е кратко време да се даде оценка, но јас ќе кажам дека ако по утрото денот се познава, денот е многу лош и овој ден нема долго да трае. Ова ќе мора да се прекине, по победата на овие локални избори логично е ВМРО-ДПМНЕ да бара и да добие предвремени парламентарни избори“, рече Груевски пред охриѓани.

    Пред граѓаните се обрати и кандидатот за градоначалник на Охрид на ВМРО-ДПМНЕ Митко Тилески, кој ги претстави проектите кои ќе ги реализира во градот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира