ТОЧКАТА ЗА НАША ПОКАНА Е СТАВЕНА НА ДНЕВЕН РЕД ВО НАТО, КАЖА ЗАЕВ

    ТОЧКАТА ЗА НАША ПОКАНА Е СТАВЕНА НА ДНЕВЕН РЕД ВО НАТО, КАЖА ЗАЕВПремиерот Зоран Заев рече дека пред малку ја добил веста од НАТО. (Фото: СДК.МК)

    Точката за наша покана во НАТО е прифатена од Северноатлантскиот совет и во најава е седница за точката за покана на Македонија во НАТО, објави премиерот Зоран Заев од собраниската говорница.

    „Оваа среќна вест која ја добив пред малку, дозволете да ја споделам со вас“, рече Заев.

    Во салата се присутни само пратениците од мнозинството, кои со аплауз ја поздравија веста, а потоа со 69 гласа „за“ го ратификуваа договорот со Грција за решавање на спорот за името.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира