ТОПЛОТЕН БРАН, НАЈЖЕШКО ВО СКОПЈЕ И КУМАНОВО

    ТОПЛОТЕН БРАН, НАЈЖЕШКО ВО СКОПЈЕ И КУМАНОВОТуристки ги почитуваат препораките на министерството за здравство и носат светла облека, разладувајќи на фонтаната на плоштадот во Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Топлотен бран од жолта фаза денес има во целата земја. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи температурите одат од 33 до 40 степени. Најтопло, според синоптичарите од УХМР, се очекува да биде во Скопје и Куманово. Утре времето исто така ќе биде сончево и топло, но со мала до умерена облачност. Во северниот дел од земјата можни се поројни дождови со грмежи, а ќе дува и ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи од 30 до 38 степени.

    Во текот на неделата до четврток ќе опаѓа температурата и ќе се движи од 26 до 33 степени, а од петок повторно ќе биде многу топло. Министерството за здравство предупреди сите граѓани да ги почитуваат општите препораки за заштита, односно да не излегуваат надвор во период од 11 до 17 часот, да пијат повеќе течности, особено вода, да избегнуваат масна храна и да носат светла и лесна облека. Топлотен бран од жолта фаза денес има во целата земја.

    Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи температурите одат од 33 до 40 степени. Најтопло, според синоптичарите од УХМР, се очекува да биде во Скопје и Куманово. Утре времето исто така ќе биде сончево и топло, но со мала до умерена облачност. Во северниот дел од земјата можни се поројни дождови со грмежи, а ќе дува и ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движеи од 30 до 38 степени.

    Во текот на неделата до четврток ќе опаѓа температурата и ќе се движи од 26 до 33 степени, а од петок повторно ќе биде многу топло. Министерството за здравство предупреди сите граѓани да ги почитуваат општите препораки за заштита, односно да не излегуваат надвор во период од 11 до 17 часот, да пијат повеќе течности, особено вода, да избегнуваат масна храна и да носат светла и лесна облека.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира