И ТРАЈКО ДА НЕ СЕ ПОЈАВИ, СОБРАНИЕТО ОСТАНУВА БЛОКИРАНО

    И ТРАЈКО ДА НЕ СЕ ПОЈАВИ, СОБРАНИЕТО ОСТАНУВА БЛОКИРАНОПратениците на коалицијата предводена од СДСМ го обвинија Вељаноски дека е главен виновник што Собранието од 30 декември лани до сега нема избрано претседател. (Фото: СДК.МК)

    И во случај претседавачот на конститутивната седница Трајко Вељаноски да не може да ја води седницата, Собранието останува под блокада, бидејќи замениците што тој ги именуваше се пратеникот од Социјалистичката партија Стојан Миланов и Јусуф Хасани од Демократската партија на Турците, кои се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

    “Претседавачот со првата седница назначува двајца од избраните пратеници кои по потреба го заменуваат во претседавањето со седницата“, стои во Собранискиот деловник.

    Пратениците на коалицијата предводена од СДСМ се откажаа од репликите и контрарепликите и го обвинија претседавачот на конститутивната седница Трајко Вељаноски дека е главен виновник што Собранието од 30 декември лани до сега нема избрано претседател.

    Во текот на вчерашната собраниска дебата, Вељаноски му се обрати на пратеникот Горан Мисовски: „Ќе почекаш за да седнеш на ова место. Многу се чека за овде. Сакаше еден да седне тука, ама…“. Овој испад на поранешниот спикер дојде откако Мисовски реагираше на тоа дека Илија Димовски на Вељаноски му се обрати со „Претседателе“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира