ТРАМП ЌЕ ЈА НОМИНИРА КЕЈТ БРНС ЗА НОВ АМЕРИКАНСКИ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА

    ТРАМП ЌЕ ЈА НОМИНИРА КЕЈТ БРНС ЗА НОВ АМЕРИКАНСКИ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈАКејт Брнс во моментов е заменик шеф на мисијата на САД во Атина, Грција. (Фото: Амбасада на САД во Атина)

    Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп има намера да ја номинира Кејт Брнс за нов американски амбасадор во Република Македонија.

    Станува збор за дипломат од кариера и таа сега е заменик шеф на мисијата на САД во Атина, каде што дојде во септември 2017 година. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.

    Пред да биде официјално назначена за амбасадорка во Скопје, именувањето на Брнс треба да биде одобрено во Сенатот.

    Актуелниот американски амбасадор во Скопје Џес Бејли беше потврден во Сенатот во декември 2014 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира