Американскиот потпретседател Мајк Пенс му кажал на премиерот Зоран Заев дека Македонија може да смета на поддршката од САД и изразил поддршка на политиките на македонската влада, како и на заложбите за членство во НАТО, соопштија од владиниот сектор за односи со јавноста по нивната средба на Самитот во Подгорица.
„Ставот на претседателот на САД Доналд Трамп е дека САД стои зад Република Македонија и зад регионот во определбите за интеграциите во НАТО“, му пренел на Заев потпретседателот Пенс.
Според соопштението, Пенс се интересирал за реализацијата на Планот 3-6-9, при што нагласил дека е од големо значење да се обезбеди владеење на правото во Македонија.
„За САД, од големо значење се демократските процеси и во делот на борбата против корупцијата, слободни медиуми, витализирање на граѓанското општество, доброто управување. Ставот на потпретседателот Пенс е дека премиерот Заев ги води реформските и интеграциските процеси со позитивна енергија и ентузијазам што се во согласност со потребите на регионот за нова генерација лидери ослободени од минатото, кои гледаат во иднината на своите граѓани и својата земја“, се вели во соопштението.
На Самитот на земјите на Јадранската повелба во Црна Гора, Заев е придружуван од заменик претседателката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, заменик претседателот задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика, министерот за надворешни работи Никола Димитров и Стево Пендаровски