„ТРАНСМЕТ“ ДОЦНИ СО ОБНОВАТА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА, ВОЗЕЊЕТО УШТЕ ПООПАСНО 

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

„ТРАНСМЕТ“ ДОЦНИ СО ОБНОВАТА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА, ВОЗЕЊЕТО УШТЕ ПООПАСНО 

Рокот за итна санација на Скопската обиколница истече, но градежните работи што ги изведува фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан не завршија. На делот меѓу клучките Арачиново и Смилковци, кој беше најоштетен во поплавата од 6 август минатата година, сѐ уште се вози двонасочно. Поставен е слој нов асфалт, има нова банкина меѓу двете насоки, но уште има градежни машини и се работи.

Поправката на обиколицата, согласно потпишаните договори, досега требаше да биде завршена. Градежните работи почнаа на средината на октомври, а според договорот требаше да завршат за четири месеци. Рокот истече минатиот месец, но од Јавното претпријатие за државни патишта нема објаснување зошто сѐ уште се работи и дали фирмата изведувач ќе плати пенали за доцнењето.

Градежните работи за поправка на обиколницата ги изведува Друштвото за градежништво, транспорт и трговија „Трансмет ДОО Скопје“ за 3,6 милиони евра, според договорот склучен на трети октомври, 2016. Фирмата не беше избрана на тендер туку поради итноста, претпријатието го склучи договорот без претходна објава.

Управителот на „Трансмет“ Сеад Кочан е првоосомничениот во случајот „Труст“ во истрагата на СЈО за фалсификувани документи за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) и незаконска проневера на 17 милиони евра државни пари во јавна набавка за ископ на јаловина во рудникот Суводол во ноември 2011.

Судот на 9 март одреди притвор од 30 дена за Кочан, но налогот до полицијата патуваше цели 24 часа, и на 10 март кога МВР доби налог да го приведе во затворот во Шутка, тој не беше достапен. МВР дента распиша потерница за приведување на Кочан на ниво на Република Македонија, а неколку часа подоцна била распишана и меѓународната потерница. МВР на 10 март изјави дека чека информација од Граничната полиција дали управителот на „Трансмет“ ја напуштил државата, но официјална потврда за тоа сè уште нема.

Според неофицијални информации, Кочан заминал од Македонија уште на 9 март претпладнето, неколку часа пред судот да го одреди притворот.

Неговиот адвокат Никола Додовски го обжали решението за притвор и изјави дека Кочан е на службен пат. Заминал пред да биде донесено решението за притвор, и затоа не може да се третира како бегалец.

На делот меѓу клучките Арачиново и Смилковци, кој беше најоштетен во поплавата од 6 август лани, сѐ уште се вози двонасочно, а возачите велат дека обиколницата сега е уште поопасна отколку кога имаше грпка оти, особено навечер, има возачи кои се протнуваат меѓу столпчињата, возат во забранетата насока и ги распаметуваат оние кои го почитуваат времениот режим на сообраќај (Фото: СДК.МК)

На делот меѓу клучките Арачиново и Смилковци, кој беше најоштетен во поплавата од 6 август лани, сѐ уште се вози двонасочно, а возачите велат дека обиколницата сега е уште поопасна отколку кога имаше грпка оти, особено навечер, има возачи кои се протнуваат меѓу столпчињата, возат во забранетата насока и ги распаметуваат оние кои го почитуваат времениот режим на сообраќај (Фото: СДК.МК)

Исто како „Трансмет“, во итна постапка за обнова на скопската обиолница избрана беше и фирмата Друштво за инженеринг, проектирање и консалтинг „Евро консалтинг ДОО увоз-извоз Скопје“, која за 32.000 евра врши надзор.

ЈП за државни патишта не одговара на прашањата дали ќе побара одговорност од ангажираните фирми за пробиениот рок.

Возачите кои секојдневно ја користат обиколницата велат дека сега е уште поопасна отколку кога имаше грпка оти, особено навечер, има возачи кои се протнуваат меѓу столпчињата, возат во забранетата насока и ги распаметуваат оние кои го почитуваат времениот режим на сообраќај. Наидуваат од забранета насока на местата каде што, оние кои ги почитуваат правилата, се враќаат во лентата за еднонасочно возење па постојано се слуша нагло кочење за да се избегне судар.

Сегашната санација на обиколницата, иако се прави поради штети предизвикани од поплавите во кои загинаа 22 лица токму на овој дел од обиколницата, не предвидува ново, поинакво решение за одведување на атмосферските води оти јавното претпријатие немало надлежност за изградба на дополнителен одводен систем.

Поправки на обиколницата беа неопходни откако во поплавата на 6 август беа направени големи оштетувања на асфалтот. На коловозот на насоката кон Тетово издигната беше грпка повисока од еден метар по која се возеше три месеци оти јавното претпријатие толку време се подготвуваше за итната санација.

Скопската обиколница беше пуштена во употреба во 2009. Се градеше цели седум години, по проекти кои ги изработија „Прима инженеринг“ и „Балкан консалтинг“ со ревизија од Градежен факултет. Долга е 26,7 километри. Изградбата на обиколницата ја чинеше државата 135 милиони евра. Таа е дел од Коридорот 8 кој ги поврзува Македонија, Бугарија и Албанија.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира