„ТРАНСМЕТ“ СЕГА НУДИ 44 ДЕНАРИ ЗА ИСКОП, А ВО МИНАТОТО НАПЛАЌАЛЕ И ПО 144 ДЕНАРИ, ИЗЈАВИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АНЃУШЕВ

    „ТРАНСМЕТ“ СЕГА НУДИ 44 ДЕНАРИ ЗА ИСКОП, А ВО МИНАТОТО НАПЛАЌАЛЕ И ПО 144 ДЕНАРИ, ИЗЈАВИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АНЃУШЕВДоколку се најде било каква колизија со законските прописи, нормално компанијата ќе биде одбиена, кажа вицепремиерот Кочо Анѓушев на прославата на Денот на рударите во Бучим (Фото: МИА)

    Компанијата „Трансмет Дооел“ која што на тендерот на ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина за РЕК Битола понуди 44 денари за гига џул, во минатото за истата работа наплаќала и по 144 денари. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска изјави дека компанијата чиј што поранешен сопственик е Сеад Кочан, осомничен од СЈО во случајот „Труст“ за ископ на јаловина, до вчера наплаќала над 90 денари, а во одредени случаи и 144 денари за ископ за еден гига џул, а сега е спремна да работи за 44 денари.

    „Моето прашање е каде завршила оваа разлика во цена и зошто не се постигнувале вакви цени и претходно. Никој не би работел со загуба. Во моментов се разгледуваат сите документи на компаниите кои што учествувале  на тендерот вклучувајќи ја и компанијата која понудила најповолна ниска цена. Притоа доколку се најде било каква колизија со законските прописи, нормално компанијата ќе биде одбиена. Но, доколку тоа не се најде јас би се фокусирал на две други прашања, а тоа е прво зошто судот не ја отфрли блокадата на сметката на компанијата кога таа беше под обвинение дека има одредени активности кои не биле во согласност со законот и второ зошто претходното раководство на ЕЛЕМ кога се разоткрија таквите сознанија распиша тендер во кој не издаде негативна референца согласно Законот за јавни набавки, на оваа компанија“ изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој денес го посети рудникот „Бучим“, на одбележувањето на денот на рударите.

    На тендерот на ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина фирмата „Трансмет“ понуди цена од 44 денари, додека второпласираната фирма само еден денар повеќе.  Со тоа се оневозможува второпласираната фирма да поднеле жалба поради разлика во понудените цени.

    „Опцијата второпласираниот да побара поништување на тендерот ако крајната сума е за 20 отсто пониска од неговата во случајов не е можна, бидејќи второпласираната фирма е многу блиску со сумата и разликата е под 20 проценти“ изјави вчера од ЕЛЕМ.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира