ТРЧАЛ ПО АВИОН НА ПЛАТФОРМАТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТРЧАЛ ПО АВИОН НА ПЛАТФОРМАТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

    Француски државјанин е приведен во полициското одделение на Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје кога се обидел трчајќи по платформата да стигне до авионот на летот Скопје – Виена, соопшти МВР.

    Како што соопшти МВР, инцидентот се случил вчера рано изутрина во 4,30 часот пред да полета авионот на „Остриан ерлајнс“ за Виена, кога патникот заспал во чекалната.

    „Откако се разбудил и видел дека го пропуштил летот, во паника почнал на висок тон да вика и во еден момент почнал да трча и удира по вратите од излез бр.201 каде насилно ја отворил вратата и се упатил на мостот сакајќи да влезе во авионот каде вратите биле затворени“ соопшти МВР.

    Кога видел дека авионот е приклучен на возило за туркање на авионите го скршил стаклото од вратата, а потоа се симнал по помошните скали и насилно отворајќи ја вратата од мостот излегол на платформа каде почнал да трча по авионот на кој во моментот му биле вклучени моторите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира