ТРИ ГОДИНИ РАБОТЕВМЕ ЗАЕДНО, ВО НЕКОИ ОБЛАСТИ ПОСТИГНАВМЕ НАПРЕДОК, ВО ДРУГИ РАБОТАТА ПРОДОЛЖУВА, РЕЧЕ АГЕЛЕР ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕТО ОД МАКЕДОНИЈА

    ТРИ ГОДИНИ РАБОТЕВМЕ ЗАЕДНО, ВО НЕКОИ ОБЛАСТИ ПОСТИГНАВМЕ НАПРЕДОК, ВО ДРУГИ РАБОТАТА ПРОДОЛЖУВА, РЕЧЕ АГЕЛЕР ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕТО ОД МАКЕДОНИЈААгелер вели дека во изминатите три години покажани се многу конкретните и опипливи резултати за тоа како изгледаат вистинското пријателство и конструктивното партнерство.(Фото: СДК.МК)

    Соединетите Американски Држави ќе бидат покрај вас, верувајќи како и многумина од вас во сонот за посилен, попросперитетен, побезбеден и целосно интегриран евроатлантски партнер и сојузник, вели пред заминувањето од Македонија американската амбасадорка Анџела Агелер во писмото до македонски граѓани. Мандатите на американските амбасадори траат три години, а мандатот на Агелер во Македонија почна во октомври 2022.

    На крајот на декември 2025, администрацијата на претседатеот Доналд Трамп ги повлече амбасадорите и вискои дипломати од 29 земји, меѓу нив и од Македонија. Уште не се знае кој ќе ја замени амбасадорката Агелер.

    „Кога стапив на оваа функција, реков дека имам огромна верба во силата и храброста на народот на Северна Македонија. Оттогаш, таа верба беше оправдана, обновена и зацврстена повторно и повторно. Исто така реков дека  е време да се направи вистинска разлика, да се зајакнат економскиот раст, енергетската независност, судскиот интегритет, образованието, културата и европската интеграција. Во некои области, работејќи тесно заедно, постигнавме вистински напредок. Во други, работата сè уште продолжува“, вели Агелер.

    Агелер напиша дека во 2025 година е одбележа 30-годишнината од билатералните односи меѓу САД и Македонија, а изминатите три години, покажани се многу конкретните и опипливи резултати на тоа како изгледаат вистинското пријателство и конструктивното партнерство.

    „Тоа се гледа во реалистичен план за исполнување на обврските во рамки на НАТО како сериозен сојузнички партнер, набавка на современи тактички возила што се користат во големи мултинационални воени вежби на Криволак или во земји партнери на НАТО. Тоа значи значаен напредок на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на земјата, кој ќе ги отвори стратешките коридори 8 и 10 на НАТО кон поголема регионална безбедност и значително унапредена трговија меѓу соседите. Тоа значи јавно да се посочуваат корупцијата и криминалните организации, да се придонесува кон судските реформи и тогаш кога повратот од вложувањата бил мал, како и да се санкционираат оние кои со години неказнето ве ограбувале. Тоа значи да се работи на создавање можности и надеж во заедници каде што обете исчезнале. И постигнавме напредок во многу од овие области“, напиша Агилер во писмото.

    Агелер, која е дипломатка од кариера, пред Македонија беше в. д. амбасадорка и заменичка на амбасадорот во Исламабад, Пакистан. Претходно работела на разни функции во Стејт департментот и во амбасадите во Париз, Ханој, Њу Делхи и Будимпешта, како и задолжена за односи со јавноста во амбасадата во Скопје од 2011-2104 во времето на амбасадорите Филип Рикер и Пол Волерс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира