ТРИ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ СО НОЖ ВО МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО КАФУЛЕ НА РУЗВЕЛТОВА ВО СКОПЈЕ

    ТРИ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ СО НОЖ ВО МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО КАФУЛЕ НА РУЗВЕЛТОВА ВО СКОПЈЕМВР има само првични сознанија за „нарушување на јавниот ред и мир од повеќе лица“ и нема детали за мотивот за тепачката.(Архивска фотографија СДК.МК)

    Три лица се повредени со нож во масовната тепачка што во петок навечер се случи на улицата Рузвелтова во Скопје, соопшти полицијата.

    На сите тројца им е укажана лекарска помош во Клиничкиот центар во Скопје. МВР соопшти дека тие „се обезбедени за расчистување на случајот“.

    Тепачката настанала помеѓу две лица од една страна и две лица од друга страна во едно од кафулињата на оваа улица. МВР има само првични сознанија за „нарушување на јавниот ред и мир од повеќе лица“ и нема детали за мотивот за тепачката.

    Полицијата не го соопштува идентитетот на повредените и на учесниците во тепачката.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира