ТРИЕСЕТИНА ГРАЃАНИ НА ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА ПРОТИВ РУДНИЦИТЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

    ТРИЕСЕТИНА ГРАЃАНИ НА ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА ПРОТИВ РУДНИЦИТЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈААктивистки протестираат пред Владата (Фото: Ѓ. Личовски)

     

    Триесетина граѓани на Скопје ги поддржаа активистите за заштита на животната средина од Југоисточниот регион и протестираа пред зградата на Владата, за да го искажат својот став дека се против изградбата на рудници.

    На забелешката на новинарите дека на протестот има мал број на луѓе, организаторите изјавија дека се собрале за да дадат солидарна поддршка, а главниот протест се случува во Валандово.

    Доколку власта не ја запре изградбата на рудниците, организаторите најавија поголема масовност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира