Тринаесет лица се повредени, од кои единаесет илегални мигранти во сообраќајна несреќа во близина на селото Лакавица, на 20 километри од Штип кон Радовиш, соопшти штипската полиција.
Од итната медицинска помош во Штип соопштија дека на местото на несреќата се упатиле три амбулантни возила и 13 повредени се пренесени во Штипската болница.
Од СВР Штип велат дека во несреќата учествувале две возила, комби и автомобил, но други детали не се соопштуваат оти истрагата на местото на несреќата уште е во тек.
Од Клиничката болница во Штип потврдуваат дека на Ортопедското и Хируршкото одделение се хоспитализирани 13 лица кои имале сериозни повреди. Велат дека сите ќе бидар тестирани на коронавирус.
Т. ЈОВАНОВСКИ