ТРИУМФАЛНАТА СО ПЕРДИЊА ГИ ЧЕКА ШАРЕНИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТРИУМФАЛНАТА СО ПЕРДИЊА ГИ ЧЕКА ШАРЕНИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ

    Порта Македонија во центарот на Скопје од денеска во целата должина е покриена со бели проѕирни платна. Со покривањето почнуваат подготовки за чистење на Портата која секојдневно е шарана од демонстрантите на Шарената револуција, велат од Музејот на македонската борба кој е задолжен и за Портата.

    Директорот на Музејот на македонската борба Бранислав Светозаревиќ изјави дека станува збор за подготовки за чистење на мермерот и дека била направена комисија со Националниот конзерваторски центар за да најдат начин како да се исчисти овој мермер.

    На прашањето што ќе прават со платната ако се обојат пак, Светозаревиќ изјави: „Тоа Сорос дава пари за идеи. Ние сме за чистење и градење, за друго си има полиција и судови, а јас не сум доктор да ги лечам тие луѓе“.

    Управа за заштита на културното наследство упорно повеќе од две недели не одговара на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК дали, кога и зошто Порта Македонија е заштитена како споменик на културата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира