НОСИТЕЛ НА НЕЗАВИСНА ЛИСТА МЕЃУ ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПУКАЊЕТО ВО КИЧЕВО

    НОСИТЕЛ НА НЕЗАВИСНА ЛИСТА МЕЃУ ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПУКАЊЕТО ВО КИЧЕВОКичевската полиција го привела напаѓачот и моментално врши увид.(Фото: Кичево/илустрација)

    Три лица се повредени во престрелка вечерва околу 19 часот во Кичево, меѓу нив и носителот на независната кандидатска листа за советници на локалните избори во Кичево Алит Абази.

    Кичевецот Абдула А.  со пиштол  пукал во Абази, Дестан Абдиу и и Шабан Далити од Кичево пред зградата на кичевскиот Основен суд. Абази бил погоден во десната нога, Абдиу во слабината а Далити во десната потколеница.

    Од МВР го потврдија настанот: „Двајца од нив, поради сериозноста на повредите, со брзата помош беа испратени на скопските клиники, а третиот е пренесен во кичевската болница“. Според извори од скопските клиники, состојбата на повредените била стабилна.

    Кичевската полиција го привела напаѓачот и моментално врши увид.
    „Се прави увид. За целосна информација за настанот ќе информираме во текот на утрешниот ден кога ќе се комплетираат случајот“, велат од министерството за внатрешни работи.

    Извори од кичевската полиција за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека според првичните сознанија, причина за пукањето биле меѓусебните недоразбирања, за кои напаѓачот и повредените воделе и судска постапка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира