ТРОЈЦА РАНЕТИ ВО ПРЕСТРЕЛКА ВО БЛИЗИНА НА СЕДИШТЕТО НА ДУИ ВО МАЛА РЕЧИЦА

    ТРОЈЦА РАНЕТИ ВО ПРЕСТРЕЛКА ВО БЛИЗИНА НА СЕДИШТЕТО НА ДУИ ВО МАЛА РЕЧИЦА

    Три лица се ранети од кои едно потешко во оружена престрелка што се случила попладнево во Мала Речица во близина на седиштето на ДУИ, кај ресторанот „Кур​тишевиќ“, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК, од извори во Тетовската болница.

    Не се знаат причините, ниту пак дали има уште повредени лица.

    Според болничките извори, околу 18 часот во Клиничката болница во Тетово биле донесени три лица со повреди. Едното од нив поради сериозноста на повредите итно било префрлено во Клиничкиот центар во Скопје.

    За повеќе детали се очекува соопштение од МВР.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира