ЦЕЛОСНО НОВА ПОРОТА ВО „МОНСТРУМ“, НО ОВА СУДЕЊЕ НЕ ПОЧНУВА ОДНОВО

    ЦЕЛОСНО НОВА ПОРОТА ВО „МОНСТРУМ“, НО ОВА СУДЕЊЕ НЕ ПОЧНУВА ОДНОВОСудијата Огнен Ставрев им се заблагодари на обвинетите и на нивните адвокати за заштедата на време, зашто и фактички ова судење ќе требаше да почне по третпат. - Од претходно рочиште за „Монструм“ (Фото: СДК.МК)

    На судењето за петкратното убиство кај Смиљковското езеро судијата Огнен Ставрев претстави тројца нови поротници, кои ќе бидат и на судењето за „ТНТ“ кое поради пензионирање на поротничка, почнува одново.

    Но, за разлика од „ТНТ“ кај што се обвинети избеганиот Никола Груевски, Миле Јанакиески, Тони Трајковски и тројца негови соработници од општина Гази Баба, овде обвинетите и одбраната се согласија судењето да продолжи таму кај што е застанато. Обвинението, и старото и тоа новото на СЈО, воведните зборови, изјавите на бројните сведоци и вештаци, материјалните докази, над 3.000 разговори, нема да се кажуваат и изведуваат одново. Обвинетите Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута се согласија судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани сето ова да го стават на записник, исто како да се повторило судењето и да продолжат кај што застанале минатото рочиште.

    Ставрев им се заблагодари на обвинетите и на нивните адвокати за заштедата на време, зашто и фактички ова судење ќе требаше да почне по третпат.

    Обвинетиот Азири денеска инсистираше да се слушнат и бомбите од Ел Чека. Досега ниту еден од прислушуваните разговори не откри доказ за евентуална вмешаност на други лица во убиството на четирите момчиња и рибарот пред 8 години. Но, одбраната инсистира сите разговори што ги селектирала Катица Јанева кај што се спомнува овој убиството, да се пуштат во судница.

    Во бегство во Косово сè уште се главните обвинети Алил Демири и Агим Исмаиловиќ и до денеска косовското Министерство за правда не дава да бидат екстрадирани во нашата држава.

    Судењето продолжува денеска.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира